Фудбалерите на Шкупи како второпласирани на табелата ја завршија сезоната во ПМФЛ, сега на ред е европското лето и квалификациите ов натпреварувањето на УЕФА.

Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи кој со Вардар беше дел од групната фаза од Лига Европа, тврди дека знае што му недостигна во тимот за успешна европска бајка.

„Се видека дека играме добро, создаваме шанси, но не ги корситиме. Ни недостига голгетер. Мислам дека по прокажаното заслуживме да ја победиме Шкендија, но сега одиме на одмор. Не очекуваат подготовките за новата сезона, се надевам на неколку квалитетни засилувања и уште подобра сезона од оваа.“ – изјави Седлоски.

Шкупи во зимскиот преоден рок го продаде Дембо Дарбое, можеби најдобриот класичен напаѓач кој играл во ПМФЛ во последните неколку години.