Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Криштоф Мецелдер денеска делумно призна вина на судењето поради поседување на детска порнографија, пишува Дер Шпигел.

Поранешниот германски репрезентативец се терети дека поседувал 297 датотеки со детска порнографија и видеа, кои преку WhatsApp ги праќал на неколку жени меѓу јули и септември минатата година.

Денеска во судот во Дизелдорф кажа дека ја прифаќа казната која му следува, а од жртвите на сексуалното насилство побара прошка. Призна дека поседувал спорни датотетки, но не 297, туку 18.

Утре се очекува продолжението на судењето на кое ќе се разгледаат сите нови докази кои се појавија во случајот, но засега е непознато кога ќе биде донесена конечна пресуда.

Некогашниот стопер на Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Шалке го пријави поранешната девојка, која на полицијата и кажала дека 40 годишниот и пратил преку 15 фотографии и видеа со нездрава содржина.

Мецелдер за Реал Мадрид играше од 2007 до 2010 година, а за Германија, со која беше светски вицепрвак во 2002, има одгирано 47 натпревари. Со професионално играње фудбал престана пред пет години.