Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија од вчера и официјално има нов сопственик, откако преку берзата се продадени сите 100 акции на клубот, пишува порталот „Фактор“.

Продавач на акциите е акционерското друштво РК Вардар, кое е во сопственост на Сергеј Самсоненко (не РК Вардар 1961, кој е во сопственост на Михајло Михајловски.

Русинот побарал и добил по 20.000 денари од акција или вкупно 2 милиони денари, 32.500 во евра.

Со добивањето на акциите, новиот газда, чие име засега не се објавува јавно, ги наследил и долговите во износ од околу три милиони евра од кои само за 2020 година отпаѓа милион евра.

Сепак како што е веќе познато, нов сопственик на ФК Вардар е скопската компанија „Блу Скај“, која веќе стопанисува во црвено-црните, а која летово доби зелено светло и од град Скопје, за кого се навестуваше дека ми може да го врати тоа што му го продаде на рускиот бизнисмен.

Официјалното објавување на името на новиот сопственик на Вардар ќе се случи во првата половина од следната година, кога клубот ќе треба да го достави финансискиот извештај за работата во 2021 година.