Вардар денес ќе го одигра заостанат натпревар со Војводина во Нови Сад од СЕХА конкуренцијата, нема слободни термини, па црвено-црните играат во термин на ЕХФ неделата.

Стевче Алушовски нема да може да смета на дури единаесетмина првотимци. Во Нови Сад, Вардар ќе игра без Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Иван Чупиќ, Васко Шеваљевиќ и Патрик Валчак, сите имаат обврски кон репрезентацијата.

Повредени се  Борко Ристовски и Димитар Димитриоски, Вардар во тимот ќе има дури  кадети, играчи на 17 и 18 години. Дуелот меѓу  Војводина и Вардар се игра  почеток од 17:00 часот.