Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешната пресконференција на која беше промовиран новиот селектор на А тимот, Благија Милевски испрати неколку клучни пораки по однос на очекувањата од екипата која летово дебитираше на ЕУРО а сега ја очекува битка за пласман на СП.

„Вашето знаење, страст и искуство ќе донесе успех, доаѓаш на позиција на нашата репрезентација потполно подготвен за успеси и за нови победи. Ти си човекот кој го регенерираше крвотокот на нашите фудбалери. Тие веќе зад себе имаат палсман на две Европски првенство. Сега е време да покажаме силен карактер. Ви посакувам успех и среќа во сите предизвици кои се пред вас. Јас и УО на ФФМ во целост стоиме зад Вас. Продолжуваме да го градиме најуспешниот спортски колектив во земјава, ФФМ. Боби ти посакувам се најдобро, и иако бројката на дресот е со важноста на договорот, верувам дека ќе соработуваме подолго.“ – изјави Сејдини.

Милевски и ФФМ имаат потпишано договор до 2024 година.