Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини истакна дека е голем чекор напред пласирањето на ПМФЛ на регионалниот канал Аренаспорт, заедно со клубовите успевме да ги продадеме првата но мора да се подобруваат условите.

„ФФМ е сервис на кубовите, заеднички треба да работиме да се подобрат условите, да биде уште подобро, клубовите се главниот столб на федерацијата, заеднички можеме уште повеќе“ – изјави Сејдини.

Генералниот секретар, Филип Поповски, смета дека ФФМ и клубовите мора да соработуваат уште повеќе за да се продолжи соработката со националниот сервис  и Аренаспорт.

„Не беше лесно да се продадат ТВ правата, мора да работиме заедно да ги подобриме условите  и критериумите, за да можеме и понатаму да ги продаваме телевизиските права, да не застанеме тука, да напредуваме“ – изјави Поповски.

Клубовите  ќе мора да обезбедат услови за безбедност на пренесување на натпреварите, но и подобри услови за преноси на мечевите од ПМФЛ.