Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини утринава беше гостин во емисијата „Утрински бригин“, како говореше и даде свој став за се она што се случува во федерацијата со која раководи, како и ситуацијата во и околу репрезентацијата. Говореше и за интерјвуто на Горан Пандев, каде тој зборуваше во негативна конотација за ФФМ и претседателот Сејдини.

„Не може веќе ништо да ме изненади, па ни тоа интервју. Ставот на Пандев е став на личност, а јас лично му посакувам се најубаво на капитенот, и да продолжи со своите игри и голови да не радува сите во нашата држава. Ударите доаѓаат кон ФФМ и кон претседателот на Федерацијата, реков, ништо не може да ме изненади“– изјави Сејдини.

Говореше и за односите со селекторот Игор Ангеловски, вели како Федерација и тој како претседател во 2019 кога му истекол договот, му го продолжиле до крајот на 2020 година, бидејќи верувале во континуитетот на оваа селекција, во тоа дека оваа генерација може да оствари историски успех, што и се случи. Вели кога сме кај овој успех, тоа е заеднички успех на сите, на Пандев, на Мрме, на Елмас, Барди, на Федерацијата и на сите поврзани со репрезентацијата.

Јасно е дека ФФМ е една од најбогатите федерации во Македонија, пред се поради ФИФА и УЕФА, а АМС можеби и поради овој потег не и даде ваучер на фудбалската федерација. Сејдини го прокоментира и овој потег, велејќи дека ако добиеле ваучер, парите ќе оделе за клубовите.

 “Познато е дека ФФМ е една од најбогатите спортски федерации во земјата, и тоа благодарение на УЕФА и ФИФА. Сепак и ние се чувствуваме како дел од оваа земја. Видете, ако ние добивме ваучер секако дека средствата немаше да ги задржиме туку ќе им ги дадовме на клубовите. Да кажам дека сега помагаме и со ПЦР тестовите, нас не чинат тие вкупно 50.000 евра од коло за Првата и Втората лига. Да напоменам дека годи тоа што ја добив довербата од делегатите на Изборното собрание. Ова за мене е прв мандат, минатиот само беше продолжение на поранешниот претседател. Се виде дека оваа гарнитура на ФФМ, на чие чело сум јас, добро сме рабителе во изминатиот период па и поради тоа ја добивме довербата да раководиме со мак – фудбалот во наредниот период“– смета Муамед Сејдини

Сејдини говореше и за премијата која ја одбија репрезентативците по поразот од Романија. Вели им било кажано дека за победа ќе добијат 80.000 евра, за реми 40.000. На мечот Македонија поради лошата среќа загуби, а според Сејдини токму тоа било причината да им се даде на фудбалерите премијата за реми. Кажа и дека Ангеловски добил 200.000 евра како што стои во неговиот договор за пласман на Европското првенство.