Актуелниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини демантираше дека е утврдено редовното Изборно собрание да се одржи во март оваа година.

Првиот човек на „Куќата на фудбалот“ објасни дека можно е Изборното собрание да се одржи и во ноевмри оваа година, а притоа посочи дека тој сака да се кандидира за нов мандат, но таа одлука ја носи општинскиот фудбалски сојуз на Кичево.

„На 3 февруари Општинскиот фудбалски сојуз Кичево има собрание, ако ме поддржат ќе се кандидирам.“ – изјави Сејдини.