Мумаед Сејдини на денешното официјално претставување на Благоја Милевски за селектор на А-репрезентацијата говореше и за притисоците за менување на официјалното име на ФФМ.

Претседателот на ФФМ изјави дека тој не тука за да го менува името, се знае процедурата, но по оваа тема нема намера да прави ништо, ФФМ нема останува во „функција“.

„Ниту јас сум го поставил името на ФФМ, ниту имам право да го менувам. Единствен кој може да го смени е Собранието на ФФМ. Тоа е мојот став и јас не отстапувам од тоа, во моментов немам никаква намера да правам нешто по тоа прашање“ – рече Сејдини.