Претседателот на Фудбалската Фдерација на Македонија, Муамед Сејдини денес излезе со интервју за „Газета Коха“, во него се осврна на неколку важни прашања кои ја засегаат македонската спортска јавност.

Тука пред се се мисли на меѓународни теми, како на пример, формирањето на таканаречената Суперлига, па потоа начинот на кој што Европа и УЕФА реагираа на ова, како и неизбежните и за нас далеку поважни фудбалки теми.

На самитот во Монтро, Швајцарија, федерациите членки на УЕФА, заедно со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му дадоа поддршка на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и беа едногласни во ставот дека новиот формат на натпреварување наречен Суперлига не може да се реализира. Тоа што некогаш беа Стеауа Букурешт или Црвена Звезда денеска се Реал Мадрид, Барсалона или Манчестер Сити. Утре можеби ќе бидат некои други клубови со статус како денешниот на клубовите кои се обидоа да ја формираат Суперлигата, па токму затоа солидарноста за сите клубови која ја поддржува УЕФА е многу важна. Недвосмислена поддршка покрај ФИФА, даде и Меѓународниот олимписки Комитет“. – започна Сејдини во своето излагање.

Исто така тој се осврна и на домашните теми од мак фудбалоти проговори за ситуацијата во тековниот шампионат кој е пред крај.

„Натпреварите од предвидениот календар досега се одвиваа според предвиденото. Со посериозни проблеми се соочивме пред две недели по донесената одлука од Комисијата за заразни болести за задолжителни ПЦР тестови пред секој натпревар. Плаќањето на ПЦР тестовите на сите играчи и службени лица пред секој натпревар го прави Федерацијата. Не е задолжително Федерацијата да го прави тоа, тоа треба да го сторат самите клубови, но со оглед на тешкотиите со кој се соочуваат повеќето клубови во Македонија, оваа обрвска ја презеде самата Федерација. Цената која ја плаќаме по коло е близу 50.000 евра вклучувајќи ги и официјалните лица“ –истакна претседателот на ФФМ

И секако кога ке се спомене Македонската фудбалска репрезентација , неизбежно е да се спомене Горан Пандев еден од најдобрите македонски фудбалери и актуелен капитен на репрезентацијата.Сејдини на таа тема излезе со следната изјава.

„Тој е единствена личност. Немам никаков проблем со Горан Пандев. Тој конкретно не зборуваше за мене, генерално изјави дека се потребни промени во самата федерација и Управниот одбор, но мислам дека човек секогаш треба да размислува со своја глава, а не да биде под влијание на други. Секоја личност може слободно да се изрази, слободното изразување е принцип на кој се заснова демократијата.Ние, заедно со фудбалерите, стручниот штаб и сите други во федерацијата на 8. јуни сме во Букурешт, а тоа е достигнување за кое сонувал секој граѓанин на оваа држава. Тоа е важно, а не да се повторуваме за работи кои создаваат заблуда“ – потенцира Сејдини

Неизбежно прашање беше и она за поделбата на средствата на ОБ на ФФМ , нешто за кое што се крена голема прашина , па претседателот на ФФМ имаше објаснување и околу тоа.

 

„Одлуките што се носат во федерацијата никогаш не се менуваат. Како што реков претходно, пред да ги донесеме одлуките размислуваме и знаеме какви одлуки носиме. Учествувам на сите самити на УЕФА и ФИФА, заедно со колегите седнувам и дискутираме околу прашањето на федерациите, промоција итн. Ние применивме концепт во однос на премиите како што тоа го направија Словенија, Србија, Хрватска. Ние постигнавме најголем успех во последните 30 години. Зарем не заслужуваат и сите вработени и сите што беа со тимот да бидат наградени? Јас велам, да. Македонија се пласираше на Европско првенство. Ова е најголемиот успех на нашата држава од самото осамостојување и заслужуваат да бидат наградени сите кои биле дел и заедно со тимот. Ако го земете процентот кои го добија вработените и раководството, односно оние кои создаваат услови за репрезњнтацијата, во однос на вкупната парична награда од УЕФА, тој процент се движи меѓу 7 и 8.“ – истакна Сејдини. 

Претседателот искрено кажа и дека жали за сето она што моментално се случува со нашиот најтрофеен клуб Вардар, и посочи дека без добра организација нема успех а без силен Вардар неможе да се надеваме на конкурентност, голем квалитет и силно ниво.

Сејдини истакна дека верува во овие фудбалери кои се моментално во репрезентацијата, и одиме на победа на секој натпревар на ЕВРО 2020.