Новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип која ќе ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на мешународни натпревари, и официјално денеска е е започната со изградба, потврдија од Фудбалската федерација на Македонија.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, сопственикот на ФК Брегалница, Кирил Гогов, првиот човек на ОФС Штип, Димитар Џонов и спортски претставници го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми.

„Целосно ќе ја изградиме западната трибина и ќе бидеме логистика за сите други потреби околу изградбата на стадионот. Подобрувањето на фудбалската инфраструктура е еден од клучните делови во работењето на ФФМ и за многу кратко време ја менуваме сликата на стадионите во нашата држава. Упатувам благодарност до општина Штип, фудбалскиот клуб Брегалница и Општинскиот фудбалски Сојуз за поддршката и помошта која ја даваат во реализација на проектот. Со нивна помош и поддршка од ФФМ и УЕФА, Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата.“– изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.

Во рамките на западната трибинна ќе има и технички простории, ВИП простор и застаклена трибина за ТВ кометаторски позиции и платформи за лива со посебни потреби.