Македонската сениорска маѓка фудбалска репрезентација замина за Варшава каде во недела ќе игра против Полска во 8 коло од Евроквалификациите.

Победата над Словенија од 2:1 покрај гордост и радост на нашите најдобри фудбалери им донесе и премија од 100 000 евра, потврди претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

 „Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри.“- изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.