Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини денеска бешево Струмица каде официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за Академија Пандев. Неговата изградба чини 280.000 евра, а ФФМ парите ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА.

Покрај овој терен, претседателот на ФФМ навести дека ќе се инвестира во инфраструктура со цел да им се помага на сите други клубови.

„За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања.Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови“– изјави Сејдини надополнувајќи:

  „Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија“– изјави Сејдини.

 

div class=”fb-post” data-href=”https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/posts/4316128431753965″ data-width=”500″ data-show-text=”true”>

Ветено. 👍
Остварено. 🤝
Со здравје да се користи. 🙌

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица официјално го пушти…

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Вторник, 11 мај 2021