Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини гостуваше во државната телевизија, на вториот програмски сервис, говореше за историскиот успех, пласманот на ЕУРО, премиите, работата во федерацијата, стручниот штаб, атмосферата во „Куќата на фудбалот“.

Сејдини во емисијата „ Ритамот на денот“ на МТВ2, потенцирше дека успехот не е случаен, од настапот на ЕУРО за играчи до 21 година, па се до пласманот на А-селекцијата на сениорското европско првенство се работеше со стратегија, професионалност, заедништво и упорност, заслуга имаат сите, од админстрацијата на федерацијата до последниот играч кој настапи во квалификациите.

„Кога јас ја превземав оваа улога на претседател во март 2019, имавме две главни цели, прво, пласман на ЕУРО, и второ, колку што можеме да вложиме во инфраструктура. Првото го остваривме, второто е пред крај, завршивме 80 % од работите во сите региони на државата. За успехот се заслужни сите, играчите, стручниот штаб, но среќата наша е во зедништвото, од администрацијата во ФФМ до Управниот одбор. Нашите одлуки во „Куќата на фудбалот“ беа донесени со заедничка работа на сите, во одлуките на селекторот не се мешаше никој. Ова секако не е случајно, од пласманот на ЕП за играчи во возрасната категорија У21, кои се префрлија во А-тимот, имаме континуитет, ништо не е случајно, работиме со стратегија, репрезентацијата има добра и сигурна иднина, сакаме континуитет а не еден блесок“ – изјави Сејдини во „Ритамот на денот“.

Сејдини додава дека резултатите ја „принудија“ федерацијата да дели големи награди, заслужени со пласманот на ЕУРО за кој долго се работеше и е остварен со професионална работа на сите во „Куќата на фудбалот“, бидејќи никогаш тој не верува во „ЈАС“, верува во „НИЕ“ како мотив за тимска работа и заедништво.