Натпреварот меѓу Бугарија и Англија во квалификациите за ЕП 2020 година предизвика два прекини во Софија, расистичко навивање и нацистички поздрави предизвикаа скандал на овој меч.

Навивачите во Софија нацистички салутираа, Англичаните беа згрозени од ова но и од расистичките повици од трибините, ова е „дувло на фашисти и расисти“ беа коментарите во медиумите во Англија.

Селекторот на Бугарија, Красимир Балаков „не ги слушнал“ расистичките навреди од трибините.

„Не ги слушнав расистичките навреди за кои зборувате, видов дека натпреварот беше на два пати прекинуван,морам да истакнам дека и навивачите од Англија ги навредуваа нашите навивачи, непристојно се однесуваа за време на интонирањето на нашата химна“ – изјави Балаков по поразот од Англија со 6-0.