Густаво Матосас си поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Костарика по помалку од една година на клупата.

Главната причина зошто се повлекува од позицијата е мотивацијата. Тој бил фрустриран од фактот што работи со фудбалерите една недела секои два месеци.

„Открив дека во националниот тим се чувствувам бескорисно иако се убивам од гледање видеа“, вели Матосас. „Тоа не е нешто што би сакал да го правам. Тешко е да ги немаш фудбалерите и да работиш со нив секој ден. Ги имам на располагање само по една недела секои два месеци и тоа ме убива. Не знаев дека е волку тешко. Мислев дека ќе можам некако да издржам. Немав поим дека да се биде селектор е волку здодевно. Не е дека жалам и не си заминувам фрустриран, бидејќи го дадов најдоброто од себе. Никогаш повеќе нема да работам во репрезентација. Не можам да ги имам фудбалерите секои два месеци. Тоа не е за мене“, додава Матосас.

Интересно е тоа што и покрај тоа што е Аргентинец, Матосас во својата играчка кариера настапуаше за селекцијата на Уругвај.