Селекторот на Словенија, Матјаж Кек нема да менува многу во составот против Македнија во однос на почетните единаесет со кои играше во Љубљана на мечот со Израел.

Спред најавите од медиумите во Словенија, оваа селекција вечерва против Македнија ќе игра во следниот состав.

Јан Облак стабдардно на голот, во одбраната Мевља, Струна, Стојановиќ и Јуре Балковец. Во средниот ред, Крхин, Куртиќ, Вербиќ и Роман Безјак. Во нападот, Јосип Иличиќ во тандем со Андраж Шпорар.

Тактички гледано, Кек не отстапува од формацијата 4-4-1-1  која му донесе три победи во квалфикациите во низа.

Средбата, Македонија – Словенија започнува од 20-45 часот.