Можеби на прва не би сте помислиле дека е така, но постои поврзаност меѓу Селма Хајек, славната актерка и Едсон Алварез, 24 годишниот мексикански дефанзивец на Ајакс.

Поврзаноста ја откри самиот Алварез во недоманешно интерјву за холандски медиум. Тој откри дека токму актерката го барала минатото лето како би го наговорила на трансфер.

Селма е сопруга на Франсоа Анри Пинолт, претседателот на корпорацијата Керинг, која во свое сопственишво го има францускиот прволигаш Рен.

„Ми се јави како позната соземјанка и се обидуваше да ме увери да прејдам во Рен. Бев многу изненаден и воодушевен“- вели Алварез кој сепак очигледно не бил доволно воодушевен за да го промени клубот, па и понатаму е во Ајакс.