Се почесто се зборува за продажбата на Манчестер Јунајтед, со кое владее семејството Глејзер.

Но, реално, до продажба тешко дека ќе дојде, бидејќи Глејзери поставија невозможна цена за Манчестер Јунајтед. Имено, потенцијалните купувачи ќе мораат да платат неверојатни 2,4 милијарди фунти или безмалку 2,8 милијарди евра.

Според оценките на финансиските експерти, тоа денеска можат да си го дозволат само дваесетина луѓе во светот, кои располагаат со доволно слободен капитал.

Дополнително, евентуалниот купец би морал да вложи и 200 милиони фунти за реконструкција на „стариот“ „Олд Трафорд“.

Семејството Глејзери го купија клубот во 2005 година за сума од 790 милиони фунти.