Репрезентацијата на Сенегал во својот прв настап на овогодинешниот Афрички Куп на нации ја забележа првата победа, откако рутински со 2-0 ја совлада селекцијата на Танзанија.

Иако настапија без својата прва ѕвезда, Садио Мане, фудбалерите на Сенегал со по еден гол во двете полувремиња стигнаа до трите бода. Резултатот го отвори Кеита Балде во 28-та минута по асистенцијата на Идриса Геје, додека конечните 2-0 ги постави напаѓачот на белгиски Бриж, Крепин Диата. Головите и најинтересните моменти можете да ги видите во видеото:

Првото коло во групата „Ц“ на Афричкиот Куп на нации го комплетираат вечерва селекциите на Алжир и Кенија.