Сенегалскиот напаѓач Демба Ба ги закачи своите копачки на клин и објави крај на својата играчка кариера на 37 -годишна возраст.

Сенегалецот го имаше својот последен ангажман во Лугано, Швајцарија, кој го напушти пред еден месец по само 3 натпревари во дресот на овој тим и ја донесе одлуката за конечното повлекување.

Во екот на кариерата, Ба играше во Лондон за Челзи, со кого ја освои Лига Европа, а во Англија играше и за Вест Хем и Њукасл.

Ја започна својата кариера во Руан, Франција, а играше и за Мускрон, Хофенхајм, Шангај Сенхуа, Гозтебе и Истанбул Башакшехир.

Со Башакшехир и Бешикташ ја освои титулата шампион на Турција, а за репрезентацијата на Сенегал одигра 22 натпревари и постигна 4 гола.