Џејдон Санчо нема да остане во Дортмунд, 19. годишниот крилен напаѓач на „милионерите“ има многу понуди и последните  се од Мадрид и Барселона, Реал е на добар пат да го обезбеди потписот на новата тинејџерска сензација во Европскиот фудбал но за тоа мора да ја победи Барселона.

Двата гиганти од Шпанија често се во „војна“ и надвор од теренот, на трансфер пазарот сега се во трка за потпис на тинејџерот од Борусија Дортмунд.

Како што пишува „Dailystar“ , Санчо повеќе преферира да игра во Шпанија отколку во Анлија од каде има понуди од Јунајѕед и Ливерпул.

Санчо во Дортмунд дојде од Сити и не ја преферира Англија, Борусија нема да може да го издржи притисокот, понуди има многу и време да профитира од овој трансфер, летниот преоден рок е идеално време за продажба на тинејџерот смета „Dailystar“ .