Младинскиот реппрезентативец на Македонија, Никола Серафимов е нов член на Академија Пандев.

Тој во зимскиот преоден рок го напушти ФК Вардарт и замина во Чешка но откако не успеа да се наметне во Јихлава Височина реши да се врати во родната земја.

„Никола Серафимов прво летно засилување за Академија Пандев. Македонскиот младински репрезентативец ја пополнува испразнетата позиција на централен дефанзивец. 20-годишниот Серафимов доаѓа од чешкиот клуб Јихлава Височина, а претходно настапуваше и за екипата на Вардар. Тој денеска го одработи и првиот тренинг со сениорскиот тим. Добредојде за Никола и му посакуваме многу успеси во дресот на Академија Пандев!“ – информираа од струмичкот прволигаш.