Од Италија пристигнува вест дека фудбалските тимови на Манчестер јунајтед и Лацио постигнаа договор за трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ вреден 75 милиони евра плус бонуси.

Србинот според информациите веќе постигнал согласност со најтрофејниот клуб од Англија за петгодишен договор.

Освен Манчестер Јунајтед во трка за српскиот репрезентативец беше и францускиот ПСЖ.