Според информацијата што ја има Mirror, напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, сигурно ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона, ако Спортскиот апелационен суд во Лозана ја потврди двегодишната забрана за настап во европските натпреварувања.

Неговиот договор завршува на 30 јуни 2021 година, но тој ќе бара да замине една година порано.

За Агуеро се заинтересирани Реал и Атлетико.

Во тековната сезона тој настапи на 27 средби и постигна 21 гол.

Во Манчестер Сити Агуеро е од 2011 година и освои 4 Премиер лиги, еден Куп на Англија, 5 Лига Купови и 3 Суперкупови.