Реал и неговиот дефанзивец Серхио Рамос подолго време разговараат за продолжување на соработката.

Според Marca, недоразбирањето се должи на времетраењето на новиот договор. Имено, Реал, во склоп на својата политика во однос на постарите фудбалери, нуди едногодишен договор, со можност да се продолжува во иднина. Рамос, пак, настојува на договор до 2023 годи, за да не биде деконцентриран со други работи пред светското првенство во 2022 година.

Сепак, се очекува двете страни да постигнат договор во наредните неколку недели.

33-годишниот Шпанец во тековната сезона одигра 21 натпревар во Ла Лига и постигна 4 гола, а неговиот сегашен договор важи до 2021 година.