Навивачите на Реал Мадрид се израдуваа на голем триумф во Ла Лига откако нивните миленици славеа на „Камп Ноу“ со 3:1.

Капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос кој воедно постигна и гол од пенал за 2:1, по мечот беше среќен и побара од соиграчите да ги игнорираат сите критики.

„Имаме дополнителна мотивација по тешката недела за нас. На се одговоривме со ентузијазам. Беше, ебена недела. Не моќеме да кажеме дека бевме во лоша форма, не ни одговара на духот. Ги оставивме критиките зад нас, победивме против противник кој секогаш е добар на домашен терен. Мора да продолжиме во овој ритам, да ги заборавиме критиките кои се обидуваат да ни ја уништат добрата енергија која ја имаме како тим.“ – изјави Рамос.