Серхио Рамос се најде на удар на критиките во Франција, а последната од низата истакнати лица кои сметаат дека ПСЖ погреши со неговото доведување е поранешниот играч на клубот и некогашен француски репрезентативец Жером Ротен.

Рамос се уште го чека дебито во дресот на ПСЖ, а баш неговата повреда на мускулот поради која не може се уште да настапи е причина за Ротен да зборува негативно за него.

„Повредата која ја има е повреда од која тешко до крај ќе се опоравите и таа води кон крај на кариерата. Кога играч ќе дојде до одредена бројка години, потребни му се неколку натпревари да влезе во форма, но ќе може ли Рамос во такво нешто ако чувствува болка. Најискрено се сомневам во тоа“– изјави Ротен и додаде:

„Кога пристигна во клубот, сите кажаа дека тој ќе го промени менталитетот во соблекувалната. Неговите мотивациски вештини во овој момент не се доволни за ПСЖ, а Марињос и Кимпембе се пред него кога е во прашање влијанието. Тој мора да допринесе за тимот на теренот. Ако тоа не го може, тогаш нема смисла да е во клубот. Затоа мислам дека неговото доаѓање е лоша идеја на ПСЖ.“