Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе стави потпис на нов едногодишен договор со „Кралевите“ со можност за продолжување на соработката на уште една дополнителна сезона.

Ова го најавува шпански „АС“ откако дефанзивецот одлучил дека е најдобро за него да остане барем уште една сезона во Мадрид.

Рамос е во Реал веќе 15 сезони а во 2022 година ќе наполни 36 години, период кој според него е вистински момент за преселба во САД.