Капитенот на „Црвената Фурија“ Серхио Рамос се запиша во историјата на Шпанија како фудбалер со најмногу настапи за сениорската репрезентацијата.

Рамос го започна мечот против Норвешка во Евроквалифиакциите и за него ова беше 168 натпревар во дресот на Шпанија.

На вечната листа втор е Касилјас со 167, трет е Чави со 133.

За Серхио Рамос ова беше 46 натпревар на кој ја носеше капитенската лента.