Коронавирусот ги затвори вратите на фудбалските стадиони во Италија за навивачите, па сите средби до почетокот на април ќе се играат без гледачи.

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора во соработка со фудбалската федерација на Италија побараа од Серија „А“ и од „Sky Italia“ да ги „отклучи“ каналите и сите натпревари да можат да се гледаат бесплатно.

Според пишувањето на La Repubblica, Sky Sport Italia и Италијанската фудбалска федерација го поддржаа овој предлог, но затоа, пак, Серија „А“ експресно го одби овој предлог и натпреварите ќе можат да се следат само на платформите на Sky и на DAZN.

Имено, Серија „А“ инкасира годишно по 937 нилиони евра од Sky и од DAZN и затоа не сака да го наруши договорот за сметка на своите партнери.