Серија А донесе одлука, доколку не се одиграат сите кола сезонава, таа да се игра по системот на плеј-оф и плеј-аут, одлука со која претхнодно не се согласуваа калчолигашите.

Ова според челните луѓе на Серија А е морачно ако се знае дека во Италија на пример е далеку поригорозно од Германија, односно доколку еден член на тим се зарази со коронавирус, цел состав ќе мора да оди во карантин две седмици и тоа значи прекин на сезоната.

Покрај ова одлучено е сезоната во Серија Ц да заврши што значи дека екипите на Монца, Виченца, Реџина изборија пласман во Серија Б, додека во понизок ранг се селат Гоззано, Римини и Риети.