Италјанската фудбалска федерација, одлучи дека новата сезона во Серија А, Серија Б и Серија Ц ќе започне на 1.септември.

Одлучено е екипите оваа сезона да ја завршат до 20.август заклучно со финалето во Копа Италија, на кое во моментот е дојдено до полуфиналната фаза. Ова значи дека практично фудбалерите нема да имаат шанса за подготовка за следната сезона, туку по само нешто повеќе од 10.дена ќе продолжат со натпреварите од следната сезона.

Серија А пред неколку дена објави дека на 13. јуни ќе започне продолжението на сезоната, одлука која е сменета, односно првенството треба да стартува од 15.јуни.

Како и да е судбината на италијанскиот фудбал оваа сезона официјално ќе биде познат на 28. мај, кога министерот за спорт Винченцо Спадафора ќе се сретне со ФИГЦ и Серија А.