По рекордни 560 дена на првото место во италијанската Серија А, Јувентус повеќе не е лидер.

„Старата дама“ по ремито со Фиорентина во Фиренца, врвот му го препушти  на Интер, кој, пак, го победи Удинезе и со максимални девет бода застана на врвот.

Интересно е дека последен пат на 3 март 2018 година некој друг клуб ја држел лидерската позиција во најсилната италијанска лига.