Навивачите на елитниот фудбал кои живеат на Апенините нема да може да гледаат Серија А без пари на ТВ или пак на интернет.

Ова го донесе последната одлука на комисијата која работи во рамките на Серија А, а е задолжена за односи со медиумите и договорите со ТВ Куќите за преноси. Ова значи дека клубовите ќе ги добијат парите предвидени за ТВ-права а телевизиите нема да бидат приморани да пренесуваат а притоа да не наплаќаат за таа одлука.

Првенството треба да продолжи на 13 јуни со натпреварите: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари.

Конечната одлука по однос на ова и на останатите прашања во однос на доигрувањето на сезоната ќе биде донесена во петок.