Новата сезона во италијанската фудбалска лига попозната како Серија А ќе започне на 24.август 2019 година, а ќе заврши на 24 мај 2020 година.

Новитет во италијанскиот шампионат е зимската пауза. За разлика од минатата сезона, кога се играа натпревари за време на божиќните празници, во претстојната истите се укинати.

Паузата според договорот во зимскиот период ќе трае од 23 декември до 4 јануари.Копа Италија, пак, ќе започне на 4 август, а финалето ќе се одигра на 13 мај наредната година.

Трофејот од минатата сезона во шампионатот го брани Јувентус додека во Купот на Италија римски Лацио.