Министерот за здравство на Италија, Карло Сибилија најави дека во август ќе се обезбедат услови на натпреварите од Серија А да има навивачи.

Фудбалот на Апенините се враќа во петок со полуфиналните мечеви од Копа Италија, односно натпреварот Јувентус-Милан, а ден подоцна играат Наполи-Интер.

„ На сите им е јасно дека фудбалот без навивачи не е вистинска работа. Сонувам да ги видам навивачите повторно на трибини, но мора да бидеме внималтелни. Мислам дека тоа ќе биде возможно да се случи во август“- изјави Сибилја.