Објавен е првичниот распоред на натпревари за продолжението од сезоната во Серија А. Според првичниот план, сезоната дефинитивно ќе продолжи на 20 јуни со натпреварите на Торино- Парма и Верона – Каљари.

Во 27 коло, на 23 јуни Елиф Елмас со Наполи ќе гостува кај Верона, Несторовски со Удинезе во Торино а Пандев и Џенова ќе ја дочекаат Парма.

Првичните најави се дека натпреварите ќе се играат без публика но постои можност ова да се промени до крајот на доигрувањето на сезоната.