Министерот за Спорт на Италија, Виченцо Спадафора беше дециден во однос на најавите за продолжување на сезоната во Серија А.

Пандемијата со Ковид-19 добива поинаква димензија па откако стана јасно дека вирусот нема да биде искоренет а фудаблските клубови почнуваат да имаат сериозни финансиски проблеми, почнува сериозно да се размислува за рестарт на спортот воопшто.

„Ги разгледуваме сите опции и размислуваме за две дати во однос на продолжување на сезоната во Серија А, 13 јуни или 20 јуни. Протоколот пристигна и многу работи ќе бидат слични во однос на регулативата како за тренинзите така и за натпреварите.“ – изјави Спадафора.

Засега нема утврден правилник кој ќе биде закон за клубовите и за организаторот на првенството но едно е јасно, ќе биде ригорозен и многу лесно може да се случи да има големи казни за оние кои нема да ги почитуваат новите правила за заштита од Ковид-19.