Италијанските медиуми пишуваат дека „Серија А“ руши рекорди по гледаност по првите 9 кола во калчото откако лигата брои 20 екипи.

Натпреварите минатото коло во просек по натпревар  ги следеле 28.586 гледачи што е зголемување за 3.000 гледачи во однос на минатата сезона.

За зголемената посета во просек „виновен“ е Интер кој има просек од 64.271 гледач по натпревар. Интер продаде 50.000 сезонски билети како ефект од доведувањето на Антонио Конте.

Интересно е тоа што Милан кој иако има очајни резултати е втор најгледан тим во калчото со 56.050, шампионот Јувентус е трет со просек од 39.651 гледач.