Фудбалерите на Аталанта го декласираа Емполи со 4-1 во 8. коло од Серија А.

Најзаслужен за триумфот на клубот од Бергамо беше Словенецот Јосип Иличиќ, кој постигна два гола во првиот дел од натпреварот.

Словенечкиот ас подоцна промаши пенал за хет-трик, а на семафорот погоди и Дуван Запата, како и Вити, кој постигна автогол.  Ди Франческо даде почесен гол за домашниот тим.

Болоња, на Синиша Михајловиќ, освои бод од „Фриули“, каде ремизираше со Удинезе 1:1.

Барол донесе предност за гостите во 67.минута , а израмни Бето во 83 за конечни 1-1