Министерот за Спорт на Италија, Виченцо Спадафора ја следи ситуацијата со Ковид-19 кризата која ја зафати Џенова а влијаеше и по плановите на Наполи.

Тој одби да офрли сценарио за паузирање на првенството иако ќе се чекаат резултатите од тестирањето за Ковид-19 во двата тима па потоа ќе се носат заклучоци и решенија.  Најизвесно е сценариото Серија А да биде во пауза од 5 до 13 октомври а одложени да бидат дуелите Јувентус – Наполи и Џенова – Торино.

Во Џенова има 14 заразени, 11 фудбалери и тројца членови на стручниот штаб, за денеска е закажано новото тестирање исто како и во Наполи.

Од Џенова веќе побараа да им биде одложен дуелот со Торино закажан за викендов.