Челзи го доби дуелот со Малме (4-0) во Лигата на шампионите но ги загуби Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, двете ѕвезди на лондонскиот клуб се повредија.

Тухел ги потврди лошите информации кои кружеа како шпекулација, Лукаку и Вернер неколку недели нема да бидат на располагање.

Челзи во сабота го пречекува Норич во Премиерлигата, извесно е дека ќе мора без Лукаку и Вернер.