Минатата сезона во Премиерлигата донесе неверојтно неизвесен финиш во шампиоанатот , првакот беше решен во последното коло.

Раководството на Премиерлигата се реши во случај на израмнет број на бодови да смени неколку правила кои практично значат дека е „невозможно“ да се игра мајсторка за титулата, тоа беше една од опциите минатата сезона за Ливерпул  и Сити доколку завршеа со ист број на бодови.

Според новите правила за да се дојде до мајсторка треба два тима на крајот од сезоната да имаат, ист број на бодови, ист број на бодови во меѓусебните дуели, иста гол разлика и број на постигнати голови, ист број на голови на гостиснките натпревари. Ако се исполнат овие услови , тогаш шампионот на Англија ќе се добие  преку мајсторка на неутрален терен.

Новина од  оваа сезона е зимската пауза, две недели од  9 до 22 февруари, паузата е по одигрувањето на 26 коло.