Шпанскиот гигант, Барселона со одличен резултат се враќа од Неапол кај Наполи од првиот осминафинален меч од овој двобој во Лигата на шампиони.

Натрпеварот заврши без победник 1-1, а израмнувачкиот гол за Барса го постигна Антоан Гризман. Тренерот, Кике Сетиен, тренерот на Барселона истакна дека е задоволен од резултатот, пред сè затоа што Наполи се бранел со дури 10 фудбалери пред својот казнен простор.

„Мораме да бидеме оптимисти и да размислуваме позитивно. Задоволен сум од резултатот, затоа што сега пред нас е натпревар на „Камп Ноу“. Наполи се бранеше со 10 играчи, кои беа дефанзивен ѕид. Навистина не креиравме многу шанси, но знаевме дека суштината е во трпеливоста. Натпреварот беше неизвесен, а резултатот реален“- изјави Сетиен.

Реваншот меѓу италијанскиот и шпанскиот гигант е закажан за на 18 март, а на истиот Сетиен нема да може да смета на Видал, кој синоќа заработи црвен картон.