Кике Сетиен се обиде да ја објасни ситуацијата во која се наоѓа неговиот состав во моментов и јавно проговори за шпекулациите според кои Миралем Пјаниќ од Јувентус  и Лаутаро Мартинез од Интер се поврзуваат со трансфер во Барселона.

„Имаме повеќе играчи кои може да ротираат во нападот, но верувам дека Лаутаро може да биде на ист левел со нив. Тој може да биде одличен во нашиот тим. Пјаниќ е одличен играч а најдобрите секојдневно може да ги видите на насловните странаци на спортски весници.“ – изјави Сетиен.

Што се однесува до најавите дека Артур не сака да ја напушти Барселона а со тоа да биде дел од трампата со Пјаниќ од Јувенутс, Сетин изјави: Ако го рекол тоа… Навистина немам што да кажам за идинината на моите играчи.

Во последните неколку месеци Лаутаро Мартинез и Миралем Пјаниќ се дел од голема трансфер сапуница која очигледно е дека нема во скоро да заврши.