Лионел Меси со три асистенции ја предводеше Барселона до чудесен пресврт на гостувањето кај Бетис во последното коло од Ла Лига.

Предводникот на „Каталоцните“, Сетиен потврди дека неговите фудбалери можеле многу подобро од тоа што го прикажаа но и покрај тоа мора да бидат задоволни од резултатот.

„Навистина ми се допадна тоа што го видов. Работите требаше да бидат и подобри за нас но јас сум среќен. Имамве комплициран влез во мечот и во ниту еден момент не можевме да се опуштиме. Сеуште има работи кои треба да ги промениме но во моментов можам да кажам дека добро е што победивме и сега се насочуваме кон следните предизвици.“ – изјави Сетиен.