Барселона може да биде шампион на Шпанија оваа сезона и покрај негативата од 4 бода во однос на Реал Мадрид на четири кола до крајот на првенството.

Тренерот на Барселона, Сетиен е уверен дека работите може да се променат во полза на „Каталонците“.

„Секако дека може да ја освоиме Ла Лига. Реалноста и математиката може да бидат потврдени. Нема да биде лоесно но мора да се надевате се до последниот ден. Мора да размислуваме во правец да ги добиеме сите натпревари до крајот на сезоната. Не живеам од ден за ден и размислувам за работите во иднина, ова може да биде наша одлична подготовка за остатоткот од ЛШ.“ – изјави Сетиен.

Барселона утре ќе го дочека Еспањол во рамките на 35 коло од Ла Лига додека Реал Мадрид својот натпревар од ова коло ќе го игра во петок на домашен терен против Алавеш.