Барселона утре ќе му гостува на Реал Мадрид во натпревар од 26 коло од Ла лига, со желба за позитивен резултат и здржување на првото место на табелата.

„Секогаш е опасно да се игра на нивни терен. Кога ќе започне натрпеварот се се заборава. Сите знаеме какви се очекувањата кога играат овие два тима. Кога ќе започне мечот, се останува на играчите. Кога на ова ќе додадеме тензија знаеме што не чека. Ќе бидеме многу посреќни ако победиме, пред се за нашите навивачи. Позната ми е одговорноста, ова не е како секој друг натпревар.“ – изјави Сетиен.

Тренерот на Барселона потврди дека Алба е во конкуренција за настап на „Ел Класико“ и исто така потврди дека дуелот на Реал Мадрид со Манчестер Сити ништо не му донел во однос на неговата подготовка за дербито.