Барселона важи за фаворит во осминафиналниот двомеч против Наполи во Лигата на шампионите но и покрај ова предводникот на „Каталонците“, Кике Сетиен е внимателен во изборот на зборови на официјалната прес конференција.

„Секогаш им кажувам на моите играчи да очекуваат дека противникот ќе игра на највисоко можно ниво. Секоја екипа го дава најдоброто и на овој натпревар тоа нема да биде поразлично. Знам дека Наполи е способен за такво нешто, во групната фаза одиграа одлично против неколку топ тимови. Сигурен сум дека и денеска играчите на Наполи ќе бидат неверојатни.“ – изјави Кике Сетиен.

Барселона денеска ќе настапи без повредените, Алба, Дембеле, Роберто и без Суарез.